Под мотото „Да прославиме без оружје„ Секторот за внатрешни работи Охрид, со низа активности, ја отпочнува проектната кампања „Веселбите и оружјето не одат заедно“.
– Повод се свадбите и другите семејни свечености кои, вообичаено се многубројни во овој период од годината. Основната цел на проектот е да се апелира на воздржаност од било каква употреба на оружје за време на семејните свечености со цел елиминирање на несакани последици по животот на граѓаните бидејки лицата кои користат оружје за време на семејните веселби, ги изложуваат на своите најблиски и пријателите на опасност и ја загрозуваат нивната безбедност.-информираат од СВР Охрид
Согласно законските одредби, неовластената употреба на оружје и предизвикувањето општа опасност, претставува прекршок односно кривично дело за кои следуваат законски санкции. СВР Охрид, во рамките на своите законски овластувања, ќе презема интензивни активности и соодветни мерки против сите лица кои ке употребат било каков вид на оружје, велат од охридската полиција.
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат ...
Претставата „Генијална идеја“ на Народен театар Охрид по текст на повеќе автори, а во драматургија и режија на Ненад Витанов, ќе биде одиграна во вечерва со почеток во 20 часот Во оваа социјална ко...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен пра...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.