Во добро расположение и весела  атмосфера охриѓани и гостите на ривиерата  ги слават новогодишните празници. Во угостителските објекти и хотелите се слави до раните утрински часови со жива музика и празнична програма за сите вкусови. Така беше и во кафе пабот „Кастело“, каде за новогодишниот штимунг се задолжени момците од бендот „Деспина“. Охриѓаните „Камелеон“ пак атмосферата ја подгреаjа во кабаре „Дак“, а забавно беше и во останатите угостителски објекти на ривиерата.


 Весело новогодишно расположение во Охрид