Еден од најзаслужните за првата победа на „гладијаторите“ во новата сезона е десниот бек Костантин Вешоски кој девет пати ја погоди мрежата на гостите.

Десниот бек беше последен во мозаикот на охридскиот стратег Горан Андоновски кој направи повеќе од респектабилна екипа.
– Верувам и убеден сум дека во Охрид никој нема да освои бодови, а ако се случи тоа ќе треба добро да го испоти дресот. Уште сме во воигрувачка фаза, а најдоброто допрва следува – заврши Вешоски.
Фото : Емилио
Мх.П.










