Веслачите од Горица Ремо „извеслаа“ до шест медали на Државното првенство
23.06.25 14:25
Веслачите од Горица Ремо од Охрид се закитија со шест медали на Државното првенство во веслање кое се одржа изминатиов викенд во организација на Веслачката федерација на Македонија во Автокампот АС во Струга, а на кое учество земаа четирите веслачки клубови во државата.
На највисокото место се искачија Александра Маленкоска и Исабела Димоска во дисциплината дубал скул сениорки, до среброто извеслаа нивните клубски колешки Дениз Хајредин и Валентина Модева Караѓуле.
Во дисициплината скиф за сениорки до среброто извесла Александра Маленкоска, а бронзата и припадна на Исабела Димовска.
Во скиф за кадети Андреј Крстески ја освои бронзата, а до бронза извесла и Филип Трпески во скиф за сениори.
Забележителен и успешен настап имаше и најмладата веслачка надеж на охридскиот клуб, Ана Ничевска која го освои четвртото место.
Следен предизвик за Веслачкиот клуб Горица Ремо ќе биде Меѓународната регата Војводина опен во Палиќ, Р.Србија.
Воедно по завршувањето на натпреварот, се оддржа и вонредно собрание на ВФМ, на предлог на претседателот на ВФМ м-р Коста Хиохи, каде што едногласно беше изгласана Александра Маленкоска за Спортски директор на репрезентација.
Извори тврдат дека киднаперите го возеле во автомобил и барале откуп од 20000 евра Се сомнева дека киднаперите се странски државјани, пренесуваaт српските медиуми Според истрагата, двајца вооружени...
Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен праве...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана Посочуваат дека во правно лице во Скопје пронајдени ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.