На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, Србија, охридските веслачи отпатуваа на ROWLE ERGO штафета 2024, која ќе се одржи викендов во Палиќ. Овој несекојдневен натпревар е дел од проектот ROWLE како состав од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија.

Веслачкиот клуб Горица Ремо ќе се натпреварува во кадетска конкуренција каде ќе настапи Андреј Крстески, додека во сенироска конкуренција боите на клубот ќе ги бранат Исабела Димоска и Александра Маленкоска.
Целта на ова натпреварување претставува промоција на спортот и физичката активност, како и јакнењето на прекуграничната соработка помеѓу учесниците, посочуваат од клубот.
OhridNews











