Веслачите на охридскиот “Југ“ се подготвуваат за меѓународната веслачка регата која на 12 август ќе се одржи во водите на Охридското езеро. На регата се очекува учество да земат околку педесетина веслачи од земји од нашето опкуржување.

– Условите во кои спортуваме се очајни, но тоа на жалост не е ништо ново. Се подготвуваме на престојната регата да го обелиме образот на нашиот клуб и на градот Охрид – велат веслачите.

М.П.