Престојниов викенд Веслачкиот клуб Горица Ремо ќе настапи на веслачката регата Војводина опен во Палиќ, Република Србија.
Клубските бои ќе ги бранат Ана Ничевска во скиф пионерки, Александра Маленкоска и Исабела Димовска во скиф, односно дубал скул.
Поради одличната соработка со српските клубови, Ана Ничевска ќе настапи и во дубал скул и четверец скул во комбинација со пионерките од ВК Бегеј, Зрењанин, информираат од клубот.
OhridNews