Спортовите на вода некогаш ја воделе водечката улога во спортот во Охрид. Но златните времиња на овие спортови се одамна минато, а во моментов само сеќавањта на водчеките луѓе во овие спортски друштва и федерации говорат за успесите и подвизите кои храбирте охриѓани ги остварувале во борбата со водата. Заедничко за сите нив е што биле симбол на Охрид, градот на Охридското езеро
Веслачкиот клуб Југ које е формиран во 1932 година е еден од најстарите клубови во Охрид. Клубот континирано работел и од година во година веслачите во клубот се множеле а новоформираниот клуб бил центар на збиднувањата во Охрид.
– Низ клубот поминаа многу личности кои значеаа нешто во тој клуб се среќаваа напредни младинци и луѓе кои подоцна учествуваа во револуцијата како Нада Филева, Андон Дуков и ред други, По ослободувањето 1946 година “Југ“ продолжи да работи со веслачи кои беа дел од репрезентацијата на Југославија, а Славо Дудан беше и првак на Југославија. Потоа тој ја превзеде клубот, имаше доста екипи, се работеше со голем ентузијазам и произлегоа доста веслачи како Здравко Тупаре, Сашо Мише, Јово Трпен, потоа Симон и Пере Ѓурче, потоа нив ги наследи Јулијана Николиќ Иваноска и тоа сите беа репрезентативци на Југославија. Во поновата историја по формирањето на клубот во Дебар се формираше и веслачката федерација, ние како клуб Југ, сакавме да формираме клубови и во другите градови во Македнија, но поради тоа што весљањето не е е ефтин спорт тоа не успеавме да го направиме со што останавме со три клуба – веле Климе Матилоски сегашен претседател на ВК Југ
Најголемиот подем веслањето го имало во седумдесетите години кога и за прв пат е организирана Веслачката регата во водите на Охридското Езеро.
– Од 1963 година па наваму ја организираме и Илинденската веслачка регата на која што настапуваат голем број клубови од поранешнаа Југославија, на времето доаѓаа квалитетни клубови, а во еден период имаше гости и од надвор од Чешка, Полска, Бугарија. Веслањето до ден денес го одржуваме во последните неколку години нашиот клуб е и државен првак а настапуваме на сите межународни натпревари и дел сме од сите натпреварувања во нашето опркужуваме – вели Матиловски.
Веслачкиот клуб Југ во последните години се соочува и со проблеми од техничка природа. – Ние пред неколку години го изгубивме “спустот“ во оквирот на хангарот и не можеме од тука да влегуваме. Децата се приморани на рамо да ги носат совите кајчиња и до 200 метра за да влезат во вода, Верувајте тоа е најтешката работа за еден веслач, кога не може да се фокусираат на тренингот, туку на тоа дали ќе успее да го “пушти“ кајчете во вода.
Веслачите може да бидат одлични магионичари
– Дружбата за време на регатите е највредното нешто што се случува за младите спортисти. Така на последните неколку шампионати, нашите репрезентатици беа популарно да речам шоумени, забавувајќи ги натпреварувачите со разноразни трикови изигрувајќи магичониачри што ги стави во центарот на вниманието. Јас ги погледав и им реков дека треба да се биде во центарот на спортските збидувнуња, а не на магичионарските трикови- низ смеа вели Матилоски.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com