Во возбудлива вечер полна со енергија и натпреварувачки дух, завршија првите два четвртфинални натпревари од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“, кои понудија одличен футсал, динамични дуели и неизвесност до последен свиреж.

  • Гранит X : Инекс Олгица Хотел и СПА – 4:2
  • Гостилница кај Мече : Костал – 4:2

Денес следуваат преостанатите два четвртфинални натпревари во кој се среќаваат:

  • Провелд : ЈП Охридски Комуналец – 20 часот
  • АСП ПАК : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 21 часот

За утре (среда) се закажани двата полуфинални натпревари, на кои екипите на Гранит X и гостилница Кај Мече ги чекаат своите противници. Утрешните полуфинални натпревари кои ќе се играат со почеток од 20 и 21 часот ќе го одредат патот до големото финале и борбата за титулата на најдобриот тим на турнирот.

Како денес, така и утре очекуваме уште поголема возбуда, фер-плеј игра и фантастична атмосфера која е заштитен знак на турнирот Ohrid FREED, велат од ЈП „Билјанини Извори“.

OhridNews