Еден од двата полуфинални натпревари на завршниот турнир во Лигата на Шампиони помеѓу Веспрем – Пари Сент Жермен ќе го судат најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорги Начевски.
Со добивањето на довербата од ЕХФ судискиот тандем ќе биде нов македонски преставник во финалето по македонскиот првак Вардар и Кирил Лазаров и Борко Ристовски кои ги бранат боите на Барселона.
Вториот полуфинален натпревар помеѓу Вардар и Барселона ќе го судат Вацлав Хорачек и Јири Новотни, додека во големото финале правдата ќе ја делат германските судии Ларс Геjпел и Маркус Хелбиг.
Фајнл фор турнирот во Лигата на Шампиони се игра на 3 и 4 јуни.
OhridNews