Тимот на Вест Хем извојува голема победа совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-0 (1-0) на домашен терен во шестата рунда од англиската Премиер лигата.

На „чеканите“ не им беше воопшто тешко да стигнат до победата бидејќи гостинот од Манчестер одигра катастрофално. „Црвените ѓаволи“, продолжуваат со игрите „топло-ладно“ а Вест Хем им го скалпот и ја издраува домашната публика.

Андреј Јармоленко по една добра тимска акција во 44-та минута ја затресе мрежата и го отвори резултатот. Манчестер Јунајтед имаше иницијатива во второто полувреме, но без успех. Сите дилеми околу победникот ги реши Арон Кресвел со маестрален погодок од слободен удар.

„Црвените ѓаволи“, со осум бодови ќе бидат на средината од табелата додека „чеканите“ со 11 поени ќе се искачат во горниот дел и ќе се замешаат во борбата за првите четири позиции.

OhridNews