Англискиот премиерлигаш Вест Хем се најде на удар од коронавирусот (Ковид -19). Клубот од Лондон, денеска, потврди дека осум фудбалери биле позитивни и веднаш се префрлени во самоизолација.

„Чеканите“, информираат дека фудбалерите биле заразени од менаџерот Дејвид Мојс, кој пак имал контакт со менеџерот на Арсенал Микел Артета кој го победи вирусот.

Вест Хем тренинзите ги прекина после одлуката од Премиер лигата да се стопира првенството и да се одложи на неодредено време.

OhridNews