Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Расел Вестбрук, одговори на прашањето дали тимот е блиску до состојбата во која сака да биде пред да се врати кај Леброн Џејмс.

Вчеравечер на натпреварот против Сан Антонио спарс (114:106) Вестбрук постигна 14 поени, 11 скока и седум асистенции.

Чекор по чекор одиме кон целта, тоа е сè што можам да кажам. Верувам дека кога ќе се комплетираме ќе биде многу полесно. Работите ќе си дојдат на своето место со враќањето во тимот на Леброн Џејмс и другите повредени играчи, изјави Вестбрук.

Леброн Џејмс пропушти шест натпревари поради истегнување на стомачниот мускул. Неговото враќање во тимот се очекува во многу скоро време.

По 14 натпревари сезонава во НБА-лигата, Лејкерс имаат осум победи и шест порази.

OhridNews