Пилотот на Ред Бул, Себастијан Ветел триумфираше на трката за Големата Награда на Белгија што се возеше на патеката “Спа Франкоршампс“. Германецот триумфираше пред клупскиот колега Марк Вебер и Џенсон Батон.


Алонсо заврши четврти, додека бодови уште освоија  Михаел Шумахер, Нико Розберг, Адриан Сутил, Фелипе Маса, Витали Петров и Пастор Малдонадо. Луис Хамилтон отпадна во раната фаза на трката.

Генерален пласман : Ветел 259 бодови, Вебер 167, Алонсо 157, Батон 149, Хамилтон 146, Маса 74, Розберг 56, Шумахер 42, Петров 34, Хајдфилд 34 …

Конструктори : Ред Бул Рено 426 бодови, Мекларен 295, Ферари 231, Мерцедес 98, Рено 68, Саубер Ферари 35, Форс Индија 32, Страјкер Ферари 22, Вирџин Косворт 5

Ohridnews