Невремето што вчера ја зафати Македонија однесе една жртва и во Охрид. Слободанчо Лисичков(46) од Битола загина во пад од покрив за време на изведување градежни работи на стовариштето „Кармен“ на ул. „Железничка“ во Охрид. Тој бил однесен од силниот ветер заедно со делови од лимениот покрив кој се поставувал на стовариштето. Во моментот на несреќата на покривот имало четворица работници од битолска градежна фирма и чиста среќа е велат очевидци, што нема повеќе жртви.


Ветрот однесе работник од покривот на стовариштето „Кармен“

На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на итната медицинска помош која само констатирала смрт кај работникот. Увид на местото на несреќата извршиле СВР Охрид, истражен судија и трудов инспектор.

Ohridnews