Фудбалските легенди на струшки Караорман и Силогос Палеманон од Солун, Грција покажаа дека спортот не познава граници. Тие се збратимија, а потоа одиграа пријателски натпревар, во кој преовладуваше спортска атмосфера.


– Спортот треба да му припаѓа на спортистите, а политиката на политичарите. Ние како спортски клуб го одбравме тој правец и се збратимивме со екипата Силогос Палеманон од Солун. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и уште долго време ќе имаме вакви соработки со клубот од Грција – истакна Лазо Липоски, претседател на фудбалскиот клуб Караорман.


Експедицијата од Грција е фасцинирана од убавините на Струга, а тие истакнуваат дека се пресреќни оти имаат клуб од Македонија, со кој во иднина ќе соработуваат.



– Им благодарам на сите тука во градот, тие се прекрасни домаќини. Ние сме спортски клуб и кај нас нема определби. Затоа во нашиот клуб секогаш победува спортскиот дух. Сакам уште еднаш да искажам голема благодарност до градот и клубот за искрениот пречек и убавите моменти кои ни ги пружија –
рекоа од грчкиот клуб.


На градскиот стадион во Струга продефилираа речиси сите поранешни фудбалери на “црвените“, а најстариот на теренот Љупчо Мојсоски со 64 години, после овој натпревар се присети и на меѓународни натпревари на Караорман.



– Посебно задоволство ми претставува што воспаставивме контакт со екипа од Грција. Јас како поранешен спортист, сега ветеран секогаш го ставав спортот пред се во мојот во живот. Спортот премногу дава за еден живот, само треба да го сакаш и да уживаш во него –
истакна Мојсоски.


Што се однесува до мечот победата им припадна на домаќините со 7-1, а стрелци на головите беа Ецкоски и Петкоски по два, а еднаш мрежата ја затресоа Ниноски, Пејчиноски и Нически.


За ветеранската екипа на Караорман настапија: Буџакоски, Шулески, Маркоски, Нически, Стојчески, Ецкоски, Жута, Гега, Таири, Ниноски, Петкоски, Мерко, Грданоски, Негриески, Мојсоски, Зиба, Кленоски, Нестороски, Пејчиноски.

Мх.П.