
Домаќините, мегу другото, во албанскиот главен град Тирана, на гостите од Македонија, им организираа посета на Националниот музеј на Албанија, на црквата Воскресение Христово, како и на други знаменитости.
– Со нашето дружење и активности ги срушивме сите бариери кои досега постоеја, особено кога станува збор за нашите соседи. На средбата ќе се дружиме и запознаваме, ќе размениме мислења и искуства од областите кои ги покриваме, одбраната и безбедноста, какои околу и унапредување на соработката, вели претседателот на Општинската организација на ветераните од одбраната и безбедноста, за Охрид и Дебрца, Добре Вељаноски.
Делегацијата во која беа и претставници на општина Дебрца, се сретнаа со градоначалникот на Елбасан, еден од трите најголеми и инадустриски најразвиени урбани центри во Албанија, Ќазим Сејдиу. Тој потенцираше дека Охрид, Струга и Дебар, но и Битола, во минатото имале блиска соработка,која, зажал беше прекината за време на Енверовиот комунистички режим.
– Извонредната политичка соработка мегу нашите две земји, заедно со новосоздадените услови и взаемна воља, со сигурност гарантираат Елбасан, Корча и другите погхранични места да го вратат и надминат нивото на блискоста и соработката низ вековите. Она што сега се реализира на трговски план, во двата правци, дава гаранција дека пред нас стои заедничка светла иднина –потенцираше Сејдиу.
Двете национални здруженија, претходно, во Охрид, беа соорганизатори на манифестацијата „Езерска средба, Охрид -2018“,под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, со претставници на националните здруженија од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија.
OhridNews











