– Освен тоа што треба да го направат како превентивна мерка за спречување на ширењето на беснилото, тоа е и нивна законска обврска. Со тоа се заштитува животот на домашниот миленик, но и на сопственикот од заразата со беснило кое може да има фатален исход , велат од подрачното одделение на агенцијата.
Цената на вакцината против беснило изнесува 300 денари.
Во Македонија досега се регистрирани осум случаи на беснило кај диви животни и еден кај домашните. Пред 2011 година последниот регистриран случај на беснило во земјава бил во 2001 година.
Во меѓувреме се вршат превентивни акции со вакцинирање на дивите животни како главни преносители на болеста. Годинава акцијата стартува во мај, а ќе се продолжи и во октомври.
Минатата недела во Радовишко беше откриено беснило кај мачка, прв случај во Македонија на појава на оваа болест кај домашни животни.











