Вчерaшаното невреме и силниот ветер го зголеми интензитетот на денешните активности на екипите за јавна хигиена.
Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека во текот на целиот работен ден се расчистувале и се подигале паднати лисја од сите јавни, пешачки и сообраќајни површини во градот.
Освен паднатите лисја, екипите на претпријатието ги расчистувале и наносите од езерото на градскиот кеј, од каде што биле подигнати 20 метри кубни отпад.
OhridNews