Невремето проследено со врнежи од дожд и засилен ветер, што попладнево го зафати Охрид, предизвика оштетување на конструкцијата од јарболот поставен пред просториите на фестивалот „Охридско лето“ на улицата „Партизанска, по што тој се навалил и завршил на тротоарот.
Експресно реагираше дирекцијата на фестивалот. Стручни екипи го демонтираа и отстранија јарболот од тротоарот и соодветно го заштитија просторот.
Се очекува јарболот по санацијата на оштетувањата наскоро да биде вратен на своето место.
OhridNews