Во Охрид денеска ништо не наликуваше на вчерашниот ден кога силниот јужен ветер го раздиви преполното Охридско Езеро. Во невремето оштетени се делови од кејот, старото пристаниште,  пешачките патеки на брегот од езерото, платформите поставени во вода, угостителски објекти во центарот на градот, дел од плажите и дрвениот мост на желбите.

Ветрот паѓаше дрва и недоволно ообезбедени лимени конструкции, а оштетени се и делови од фасади и тераси.

Од рано утрово екипи на јавните претпријатија се на терен и ги расчистуваат последиците од најсилното невреме што го зафати Охрид по тоа во 1996 година кога беше оштетен дел од градскиот кеј.

Циклонот Хектор кој ја погоди земјава, денеска ќе донесе врнежи од дожд во попладневните часови, но повеќе во источните делови.

OhridNews