ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава против З.С.(45) од Крива Паланка, за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Како што соопшти МВР, вчера13,00 часот во Крива Паланка, на ул. „Св. Јоаким Осоговски“  пријавениот по вербална расправија со В.Ш. од струшкото село Вевчани, со нож го повредил истиот  и оштетил гуми од  возило „лада нива“.

OhridNews