Витомир Велковски од Вевчани по грешка се најде на официјалниот објавен список од државната изборна комисија, како единствен независен кандидат за градоначалник на општина Струга.

Се претпоставува дека превидот настанал затоа што Велковски како правен застапник, до општинската изборна комисија ја поднел независната градоначалничка кандидатура на Васил Радиноски за општина Вевчани, како и независната советничка листа чиј носител е Глигор Костојчиноски, која не беше наведена  како поднесена од страна на ДИК.

Од ДИК ја признаваат грешката и велат дека таа ќе биде поправена штом добијат официјална пријава од страна на струшката општинска изборна комисија.

OhridNews