Светлечки топки и лампиони од викендов блескаат по улиците на Вевчани, кое се подготвува да ги пречека најавените гости за претстојните новогодишни и божиќни празници и традиционалниот карневал во јануари.

За богатиот новогодишен декор во Вевчани годинава се погрижи професионална компанија од Скопје, која со свои украси го долови празничниот амбиент на влезот во општината и главната улица, а пред општинската зграда постави и десет метарска елка.

Со средства од локалната самоуправа се украсуваат и споредните улички, се со цел на гостите да им се долови новогодишен амбиент кој не заостанува зад оној од поголемите градови и познати туристички места.

OhridNews