Министерството за финансии денеска и додели на општина Вевчани шест милиони и сто илјади евра за реализација на проектот „Набавка на основни средства за одржување на јавна хигиена на подрачјето на општина Вевчани“.

За „Проектот за подобрување на општинските услуги“, Владата се задолжи во Светска банка. Заемот и е доделен на општина Вевчани со исти услови со кои и Македонија се задолжи кај Светска банка, односно рок на отплата од 11 години и  грејс период од 3 години, со каматна стапка која изнесува 1,4 проценти.

Во рамките на проектот предвидена е набавка на две специјални возила за потребите на јавното комунално претпријатие „Еремја“ од Вевчани –  едно комунално возило за смет и една комбинираната градежна машина за зимско чистење на улиците, чистење и одржување на каналите за наводнување и градежни работи.

Проектот треба да овозможи подобар квалитет на комуналните услуги во општина Вевчани, да ги намали трошоците на општинскиот буџет и да овозможи поголема заштита на животна средина.

OhridNews
извор: Makfaks