Се може да се одложи само Вевчанскиот карневал не. Повеќе од четиринаесет века жителите на Вевчани го одржуваат традиционалниот карневал по повод Стара Нова година – Василица. Тајфите веќе ги подготвуваат своите маски под кои ќе продефилираат на вевчанскиот плоштад, а годинава се најавува и богата културно – уметничка програма.

Забавата ќе започне на 12 јанунари со концерти на Влатко Стефановски, Владо Јаневски и групите Милко и Рибља Чорба. Годинава ќе се одржи и импровизиран саем за алтернативен туризам, а отворањето на маскембалот е во среда на пладне.

Се очекува  и годинава Вевчанскиот карневал да го посетат голем број туристи од земјава и странство.

Во тек се и подготовките за карневалот во Куратица. Организаторот и годинава најавува богата програма, а василичарите ги вршат последните подготовки за маскенбалот.

Традиционалниот василичарски карневал во Куратица годинава ќе трае три дена

Ohridnews