Во рамки на одржувањето на IV Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2013“, денеска во водите на Вевчанска река од Елкиниот мост, ќе биде пуштена порака за мир, пријателство и љубов до сите луѓе и народи во светот, потпишана од ликовните уметници, ученици на колонијата.
„Со цветната убавина на уметноста, преку водите на Вевчанските извори нека се шири пораката за мир, пријателство и љубов меѓу сите народи во светот“ – стои во пораката која е напишана на македонски и локален вевчански јазик и на руски, француски, албански, бугарски, грчки, српски и на арапски јазик.