Денес, во Вевчани, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски  ќе го пушти во употреба Дневниот центар за стари и возрасни лица.

Станува збор за нов објект кој се наоѓа во рамки на општинската зграда и кој ќе биде наменет за потребите на возрасните вевчанци, кои во центарот ќе може да го минуваат своето време дружејќи се со останатите.

Општина Вевчани има околу 300 пензионери, а во центарот првично ќе може да бидат згриежни 50 лица.

OhridNews