Општина Вевчани наскоро ќе добие „тач-скрин“ иформативни пултови преку кои туристите ќе се информираат за се она што се нуди во општината- информации за понудите од рестораните, за културните случувања во Вевчани, и локациите и културно-историските знаменитости кои можат да ги посетат.
Ова било договорено на средбата помеѓу градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски и министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски, при што министерот ветил дека наскоро во Вевчани ќе се постават „тач-скрин“ информативните табли.
На средбата било договорено и да се создадат три бесплатни интернет зони кај споменикот на природата „Вевчански извори“, во центарот на Вевчани и кај Спортско рекреативниот центар.
OhridNews