Како што информираат од министерството за образование кое го финансира проектот, фасадата е завршена, а до крајот на годината се очекува да завршат и активностите за уредување на внатрешноста на училиштето.
Објектот е со габарит од 1400 м2, а вкупната корисна површина изнесува 2450 метри квадратни.Во подрумот се сместени: простории за исхрана, работилници за општотехничко образование и останати помошни простории. Во приземниот дел се кабинетите, училниците и аулата, додека на првиот кат се наоѓаат кабинети, библиотека, тераса, просторија за фолклорна секција, просторија за ликовна секција.
Објектот е проектиран во амбиентален стил, кој во целост се вклопува во околината.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 61 милион денари.