Во Вевчани во тек се градежните активности за изградба на современа Спортска со вкупно 500 седишта.

Како што потенцираат од локалната самоуправа во Вевчани, Спортската сала ќе се користи за кошарка, за ракомет, за одбојка, гимнастика, пинг-понг и за многу други спортови и во целост ќе ги задоволува потребите на младите во Вевчани.

Проектот ќе чини околу 700 000 илјади евра, обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

OhridNews