По повод 30-годишнината од одржувањето на Меѓународната културно-научна манифестација „Печалбарски денови“, организаторите на манифестацијата и Вевчанското културно лето „ВЕВКУЛ 2015“ распишуваат Меѓународен конкурс за карикатура на тема „ Поплава, поплава…“ Право на учество на конкурсот имаат сите кои цртаат карикатури и имаат смисол за хумор и сатира. Форматот и бројот на карикатури со кои еден автор-карикатурист ќе учествува на конкурсот не е ограничен, односно е по избор на авторот.

Жири комисијата составена од три члена ќе додели три награди, и тоа: Прва награда- златна маска, втора награда- сребрена маска и трета награда- бронзена маска. Добитниците на награди ќе добијат и пасош на Карневалска Република Вевчани и други подароци. Од наградените и селектирани карикатури ќе биде организирана изложба (летото 2015 год.) во Вевчани.

Рокот за испраќање на творбите е до 25 декември. Резултатите од изборот ќе бидат објавени на 10 јануари 2015.

OhridNews