Вевчани е подготвено за традиционалскиот василичарски карневал, кој се одржува непрекинато веќе 14 века.

Карневалското загревање ќе започне вечерва со концерт на кој ќе настапат „Дивље Јагоде“, „Скандал Састав”, Верица Ристевска,
Пламенка Трајковска – Трио и „Пука Козметика”.

Главното дефиле под маски ќе се одржи во недела после пладне. Традиционално василичарите не ги откриваат маските, но покрај традиционалните зетот и невестата, музичарите и глупавиот Август, вевчанци редовно се осврнуваат на актуелните политички настани во земјата исмејувајќи ги на креативен начин. На карневалот најавено е присуство на голем број гости, меѓу кои ќе има и многу познати личности од јавниот и политичкиот живот.

Забавата вечерта ќе продолжи со настап Благица Павловска, Нино
Величковски, Чаки Панкерот и Дијана бенд.

Карневалот завршува во понеделник, 14-ти јануари, со церемонијално палење на маските.

OhridNews