Импровизиран саем за алтернативен туризам ќе се одржи денеска во Вевчани, со што започнуваат манифестациите поврзани со традиционалниот карневал, кој ќе се одржи на 13-ти јануари. Атмосферата дополнително ќе ја загреат македонските музички уметници и белградската ѕвезда Момчило Бајагиќ – Бајага кои вечерва ќе настапат во Вевчани.

Годинава на вевчанци ќе им се придружат претставници од Лесковачкиот и од Риечкиот карневал, а ќе се маскираат и 70-на млади од невладиниот сектор од Струга.

Вевчанскиот карневал со кој традиционално се слави доаѓањето на Новата година според стариот, Јулијански календар, има  14-вековна традиција.

Од 1993 година, Вевчани е член на  Здружението на европски карневалски места.

OhridNews