Промоции на книги, театарски претстави, изложби, културно уметнички друштва- се само дел од Вевчанското културно лето ВЕКУЛ кое годинава за прв пат се одржува во Вевчани, по повод 670 години од второто споменување на Вевчани во пишуван документ, како и по повод 180 години од работата на Вевчанското народно училиште на македонски мајчин јазик.

Главниот настан од манифестацијата која започна на 26 јуни со ликовната колонија „Вевчански видувања“, ќе се оддржи од 16 до 19 август.

– Предвиден е настап на 12 фолклорни ансамбли од земјава и странство. Покрај четирите фолклорни вечери, во текот на летото ќе бидат органзиирани и четири промоции на книги, две филмски и музички вечери, три театарски претстави, една ликовна изложба, како и предавање посветено на поделбата на Македонија со Букурешкиот договор, изјави на денешната прес конференција во Охрид, градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски.

Како што рече Угриноски, целта на ВЕКУЛ е преку разновидна програма да се обединат музичките, драмски, литературни и културни настани, со цел да се задржи вниманието на жителите и гостите.

 ВЕКУЛ ќе  биде затворено на Денот на независноста со концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

OhridNews