Со традиционалното оро сред село и палење на маските, заврши Вевчанскиот карневал. Овој своевиден театар под отворено небо и оваа година на оригинален начин ги отслика актуелните состојби во општеството. Низ вевчанските улици продефилираа стотици маски кои василичарите од Горна и Долна маала внимателно ги осмислуваат во текот на целата година. Не изостанаа ниту масовните сцени и групни маски.
Присутните во Вевчани синоќа ги забавуваа фолк ѕвездите Јордан Митев, Евто Пупиновски и Анета Наковска, а Православната Нова година беше дочекана со голем огномет.
Фото галерија:
OhridNews
фото: „Мега продукција“