Вевчани е во шок по трагедијата што се случи синоќа во кафетеријата „Пјаца“ во центарот на селото, непосредно до зградата на општината.
Од засега неутврдени причини средовечен жител на Вевчани пукал од огнено оружје кон гости на летната тераса на кафетеријата при што две лица се здобиле со смртни повреди, а уште две се ранети.
Убиени се сопственикот на кафетеријата 43- годишниот Владо П. И 23- годишниот Мате Ѓ. Двете ранети лица се пренесени во струшката Општа болница и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.
Од СВР Охрид информираат дека убиецот е фатен и дека во неговиот дом било пронајдено оружјето со кое го извршил делото. Истрагата работи на утврдување на причините и мотивот за убиството.
Осомничен за убиството е 56- годишниот Здравко Србаковски , поранешен вработен во поштата во Вевчани.
OhridNews