Добитник на “Светската награда за хуманизам 2012” е Вида Огњеновиќ, српски книжевник и режисер- одлучи седумчленото меѓународно жири на Охридската Академија на Хуманизмот која ја доделува оваа награда.

Охридската Академија на хуманизмот од 2007 година ја инаугурира Светската награда за хуманизам, која се доделува на врвни фигури на светската уметност, според традицијата на Св. Климент Охридски – основоположникот на првата Средновековна школа за хуманизам во Европа.

Меѓу досегашните добитници на наградата се јапонскиот будистички филозоф Даисаку Икеда (2007), португалскиот синеаст Мануел де Оливеира (2008), рускиот писател и нобеловец Александар Солженицин (2009), индискиот композитор, хуманист и филозоф Рави Шанкар (2010) и театарскиот режисер и теоретичар Питер Брук (2011).

Свечената церемонија на прогласувањето на овогодинешниот добитник на наградата ќе се одржи на 18 јануари 2012 година, во куќата Уранија.

OhridNews