СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
На 30-ти јули, околу 00.00 часот на локалниот пат што води од плажата „Голден бич“ кон плажата „Немо“ во Охрид, при контрола над паркирано патничко возило, полициски службеници го забележале пријавениот како фрла 2,17 грама кокаин. Откако бил приметен битолчанецот почнал да бега, заедно со уште едно лице со кое бил.












