Денеска на „јутјуб“ се појави видео-запис на кабарето „2 Mothers brothers” кој го сочинуваат Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, од нивниот последен настап во култниот бар „Џез-ин“.
Oваа сабота од 21 часот во истоимениот клуб, охриѓани повторно ќе имаат можност да го проселдат настапот на двајцата охридски актери. Проектот трае час и половина и е исполнет до последна секунда со динамични авторски песни и преработки.
Картите за кабарето веќе се пуштени во продажба и можат да се купат во мјузик шоп ZZ Top по промотивна цена од 150 ден. во предпродажба и 200 ден. на денот на изведбата.
OhridNews