Европската куќа на фудбалот (УЕФА) прво го санкционираше Партизан два меча да игра без публика, но попушти и му дозволи на натпреварот со АЗ Алкмар во рамките од Лигата на Европа на трибините да има само дечиња под 14 години.

„Црно белите“, максимално се погрижија фудбалерите да добијат поддршка на стадионот и на трибините присуствуваа 22 000 дечиња кои навиваа и пеаја за Партизан. Ваквата посетеност претставува рекорд за што пофални зборови српскиот клуб доби од УЕФА.

Partizan-Alkmar ELOver 22'000 kids!!!!Video by Zoran Krivokapic

Geplaatst door TIFO Network op Donderdag 19 september 2019

Натпреварот заврши со поделба на бодовите откако двете екипи ремизираа со 2-2.

OhridNews