Деновиве температурата во Охрид се движеше околу триесетиот степен Целзиусов. Невообичаено спарните денови за овој период од годината имаа и необични, црвени зајдисонца, типични за Африка.


Сепак продолженото лето е при крај најавуваат метеоролозите. Деновиве не очекува дожд и драстично намалување на температурите, кои во вторник ќе бидат пониски за десетина степени од сега. Врнежи ќе има речиси во текот на целата идна недела, а на места ќе наврнат и до 20 литри на метар квадратен.

видео: В. Бујароски