Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски и АПОЕЛ претрпеа минимален пораз (1-0) од Лион, во првиот натпревар од 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.


Одбраната на АПОЕЛ одолеваше на нападите во првите 45 минути, и на одмор се замина со 0-0. “Мразот“ го скрши Лазете, во 57-та минута со голема помош на одбрамбениот фудбалер на кипарчаните Пауло Жорге кој ја доволно ја закачи топката, да го прескокне голманот Чиотис.

Интернационалецот во дресот на АПОЕЛ, Тричковски го одигра целиот натпревар, реванш мечот се игра на седми март.


Мх.П.