Фудбалерите на Атлетико Мадрид загубија од третолигашот Албасете со 2-1, во првиот натпревар од четвртото коло, во купот на Шпанија.

Покрај дуелот Албасете-Атлетико Мадрид се одигра и натпреварот помеѓу Овиедо и Атлетик Билбао, а победа забележаа гостите со голот на Арана, постигнат во 11-та минута.

Останатите натпревари од четвртото коло во ќе се одиграат следната недела.

Реванш натпреварите се за две недели.

Ohridnews