Не секој ден се гледа како играч постигнува автокош, и тоа од линија за слободни фрлања. Такво нешто му успеа на Дарко Миличиќ на последниот натпревар на Минестоа против Вашингтон кој заврши 109-97.

Миличиќ покрај 14 поени придоде уште 11 скока, 2 асистенции и две блокади за 33 минути.