Се уште одекнуваат аплаузите од публиката во целосно исполнетата голема сала на Центарот за култура, по завршувањето на петтото издание на музичко сценскиот спектакл „Зимска бајка“, кој оваа година мина во знакот на седмата уметност.

Емилија Колоска и Драган Василески – Пајо, придружувани од дузина музички уметници и хорот „Вокс Лихнидос“ потсетија на најголемите филмски класици, а кабарето „2 Mothers brothers“ со извонредно креативниот хумор ја запали атмосферата која доживеа кулминација на изведбата на безвременскиот хит „Let’s the sunshine is“ од филмот „Коса“, со која заврши шоуто.

Како изгледаше најдобриот забавен производ со охридски потпис зад кој стои тимот на OhridNews, погледнете во „хајлајтсот“ од годинешната „Зимска бајка“, што го подготви продукцијата „Love & Life studio“.

Настанот, кој ги помести границите на уметничко доживување на високо ниво, го поддржаа бројни помагатени и спонзори на кои им благодариме.

OhridNews