Македонскиот младински репрезентативец Давид Бабунски, син на поранешниот репрезентативец, актуелен селектор на репрезентацијата до 21 година, Бобан Бабунски, беше двоен стрелец за Барселона во првенствениот натпревар против Тераса со 4-0.


Бабунски беше стрелец на првите два гола во селекцијата која ја предводи поранешниот играч на Барса, Серхи.

Постариот од двата сина на Бабунски има одиграно и неколку натпревари за младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години.

Ohridnews