Тимот на Роберто Манчини, Манчестер Сити го совлада Тотенхем со 3-2, благодарение на голот од пенал на Марио Балотели. “Граѓаните“ имаа предност од 2-0 со головите на Насри и Лескот, додека на нивните погодоци одговорија Дефо и Бејл. Манчестер Јунјатед славеше на гостувањето кај Арсенал со 2-1. Валенсија и Велбек погодија за “ѓаволите“, додека Ван Перси ја стресе мрежата на гостите.