Барселона по епитетот европски шампион го додаде и светскиот откако во финалето го “збриша“ Сантош со 4-0. Избраниците на Гвардиола по втор пат во историјата ја освојуваат титулата на светското клупско првенство.

Прашањето околу победникот Барселона го реши по првите 45 миниту, во кои имаше предност 3-0. Најдобриот фудбалер на планетата Лионел Меси на два пати по еднаш Чави и Фабрегас беа прецизни за новиот светски шампион.

Мх.П.