Барселона по 20-ти пат ја освои Примера Дивизион. “Блауграната“ на Ноу Камп со убедливи 4-0 го совладаа Ваљадолид и ја одбрани титулата. Избраниците на Гвардиола не оставија ништо на случајност и од првата минута нападна со сите расположливи сили тоа в роди со плод во 27-та минута кога Луис Прието постигна погодок но во сопствената мрежа, таквата игра на домаќините донесе зголемување на водството со голот на Педро во 31-та минута.
Во второто полувреме најдобриот стрелец во шампионатот Лионел Меси со двата голови во 62-та и 75-та ги комплетираше “покер“ погодоците во мрежата на “второлигашот“ Ваљадолид.
Галактикосите останаа уште една сезона без трофеј. Реал Мадрид ремизираше на гостувањето кај Малага играјќи 1-1. Малага со освениот бод против големиот Реал Мадрид обезбеди опстанок во елитното друштво.
Резултати: Барселона – Ваљадолид 4-0, Малага – Реал Мадрид 1-1, Сантандер – Спортинг 2-0, Валенсија – Тенерифе 1-0, Осасуна – Ксерез 1-1,
Табела: Барселона 99, Реал Мадрид 96, Валенсија 71, Севиља 63, Мајорка 62
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com